CrazyLabs е компанија која креира мобилни игри и е меѓу трите најдобри компании за мобилни игри во светски рамки. Канцеларијата во Скопје е формирана пред повеќе од 13 години, а денес брои 120 вработени, како најголема канцеларија на CrazyLabs.
Со над пет милијарди симнувања на игрите кои излегуваат од нашата „лабораторија” CrazyLabs, која што е дел од Embracer групацијата, стабилно стоиме на врвот од трите најдобри компании за мобилни игри во светски рамки.
Јас сум Talent Acquisition Partner во Crazy Labs повеќе од 6 години. Покрај техничките способности кои треба да ги поседуваат кандидатите за специфичната позиција за која аплицираат, нас ни се многу важни и следниве карактеристики, а тоа сe:
Учеството на кариерниот саем организиран од Семос Едукација е важно за нас бидејќи навистина ни значи поврзувањето со новите таленти и соработката со компании како вашата. Овој настан ни овозможува извонредна можност да се запознаеме со талентирани и мотивирани кандидати кои се подготвени да ја започнат својата професионална кариера. Со учеството, можеме да ја презентираме нашата компанија, да ја споделиме нашата визија и да привлечеме индивидуи кои се возбудени за работа во гејминг индустријата. Дополнително, ни овозможува да го поддржиме растот и развојот на следната генерација професионалци.
Нашето искуство од саемот беше исклучително позитивно. Се сретнавме со многу талентирани кандидати, но најмногу уживавме во брзите интервјуа каде што имавме можност да запознаеме многу одлични луѓе но за жал во краток временски период. Студентите кои ги запознавме покажаа голем потенцијал и веруваме дека многумина од нив ќе се вклопат совршено во нашите тимови.
Профилите кои најмногу се бараат во Crazy Labs се најчесто Game designers, Game developers, QA, Analysts, Java developers.
Навистина сме задоволни од досегашната соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација. Вашата поддршка и професионалност значително придонесоа за успешно поврзување со квалитетни кандидати кои имаат потенцијал да се вклопат и придонесат во нашите тимови. Во минатото успешно вработивме луѓе од академиите и тие се покажаа како исклучително вредни членови на нашиот тим. Се радуваме на продолжување на оваа успешна соработка и во иднина.
На сите студенти би им го препорачале во иднина да се фокусираат на следново: