Polar Cape е основана во 2010 година во Стокхолм, каде се наоѓа и нашата главна канцеларија. Основачите на компанијата, инаку долгогодишни пријатели, ја основаа компанијата со идеја да создадат работна средина во која и самите би сакале да работат. Ваквиот начин на размислување низ годините привлече повеќе од 150 професионалци од индустријата. Скопската канцеларија постои од 2011 година, а во 2023 отворивме и канцеларија во Битола. Во 2024 го проширивме нашето присуство и во Осло и Софија.
Од неодамна, стапивме во групација со уште две шведски ИТ компании што значително го подобри нашето присуство на европскиот пазар.
Polar Cape на своите клиенти им нуди консултантски услуги од областа на ИТ индустријата. Имаме богато резиме во кое се наоѓаат успешно завршени проекти на бројни звучни имиња од шведската и меѓународната бизнис сцена.
Polar Cape е меѓу ретките ИТ компании во Македонија која е сертифицирана од Институтот „Одлично место за работа“ од Шведска (Great Place to Work®). Соработуваме со институтот уште од 2014 година и соработката ја користиме за постојано да ги подобруваме условите кои им ги нудиме на своите вработени.
Мојата улога е Бизнис партнер за човечки ресурси. Отсекогаш сме ставале силен акцент на тоа нашите вработени да се вклопуваат во културата и секојдневието и вистински да разбираат што значи да си дел од Polar Cape. Се разбира дека зависно од тоа колкаво искуство и компетенца ни побарал клиентот, кандидатите секогаш поминуваат низ техничко интервју. Но истовремено, отсекогаш ни било важно нашите вработени да се тимски играчи, да се лесни за комуникација, да се желни да работат на својот личен и професионален раст, но истовремено и да се подготвени да споделат знаење.
За нас е навистина важно да сме дел од ваков тип на настани бидејќи ни дава добар увид во идните кадри - кои технологии се позастапени, кои се помалку застапени, во која насока се движат трендовите во индустријата. Саемот ни овозможи да имаме директна интеракција со потенцијални кадри во една понеформална средина и со тоа, да ја прошириме нашата мрежа. Истовремено, тоа е одлично место за идните кандидати да дознаат повеќе и да ја запознаат нашата компанија, па и да се информираат за тоа како најлесно да дознаваат за отворените работни позиции во иднина.
Запознавме навистина ведри и полни со ентузијазам млади луѓе. Изненадени сме позитивно од одзивот кој го имаше настанот - од една страна, од бројот на компании кои присуствуваа, но уште повеќе од бројот на студенти кои покажаа интерес за работата на нашата компанија. Навистина се надеваме дека во најбрз можен рок некои од нив би ни се придружиле како наши нови колеги.
Овојпат не, но се надеваме на следниот настан дека ќе имаме и таква можност.
Сите наши досегашни соработници од Кaриерниот центар на Семос Едукација се вистински професионалци. Секојпат кога сме имале соодветни позиции за пракси или Graduate програми, тие ни пристапувале проактивно посочувајќи ни соодветни кандидати. Навистина се гледа нивната посветеност на тоа да најдат соодветни позиции за оние кои поминале низ академиите кои ги нуди Семос Едукација.
Би им кажала дека одбрале професија во која учењето никогаш не престанува. Технологиите постојано напредуваат и се менуваат и иако тие завршиле обука за одредена технологија, тука во никој случај не треба да застане нивната желба за развој и љубопитство за она што одбрале да го изучуваат. Треба да најдат начин секојдневно практично да ги применуваат новите стекнати вештини. Само на тој начин ќе успеат секогаш да бидат интересни кандидати и за нашата компанија, но и за сите останати кои секогаш бараат колеги со вистинска посветеност на она што го работат.