2Coders Studio е софтверска компанија чиј што главен фокус е развивање на нативни мобилни апликации и ТВ/веб платформи за стримање на видео содржини во доменот на спорт и забава (слично на познатите платформи “Netflix”, “HBO”, “Amazon Prime”, итн.). Компанијата постои десет години со седиште на островот Гран Канариа во Кралството Шпанија. Во 2021 година се проширува со канцеларија на уште еден од Канарските Острови - островот Тенерифе, а неколку месеци подоцна и во Скопје. Нашиот тим се состои од искусни инженери за мобилни, веб и ТВ апликации, дизајнери, инженери за квалитет на софтвер, бизнис аналисти и проектни менаџери.
Мојата улога во компанијата како Office Manager е грижата кон сите вработени и поставување на стандарди и работна етика која придонесува за позитивна и посакувана работна средина. Работите мора да бидат организирани до најситен детал како не би имало попречување во секојдневните активности на колегите. Од друга страна пак, сум дел од интервјуата за вработување каде придонесувам за пронаоѓање на соодветниот кандидат согласно компаниската политика и култура. Важна ни е енергијата на вработените и практикуваме да одржиме позитивна атмосфера. Успехот за една компанија е лесно дофатлив ако вработените останат мотивирани и имаат љубов кон својата работа и работната средина. Затоа за 2Coders, идеален кандидат е оној кој на интервјуата покажува пасија кон тоа што го работи и желба за сопствен раст во кариерата.
Искуството од саемот за вработување беше исклучително позитивно. Најголем впечаток ми остави ентузијазмот и амбициозноста на студентите со кои се сретнав и начинот на кој тие се претставуваа. Беше инспиративно да се види колку се посветени и мотивирани да ја започнат својата кариера. Многу од нив покажаа значителен потенцијал и би се вклопиле одлично во нашите тимови. Во секоја компанија е добредојдена свежа перспектива и енергија.
Да, земавме дел и од speed интервјуата со студентите на саемот. Тоа беше одлична можност за брзо и ефективно запознавање со потенцијални кандидати, особено за нас што како компанија сме секогаш во потрага по талентирани и мотивирани индивидуи кои се подготвени да придонесат со своите вештини и иновативни идеи, а посебно кога станува збор за front-end програмери и инженери за квалитет на софтвер.
Секако дека постои добра соработка со вас и имаме само зборови на воодушевување од вашата енергија во целата оваа приказна. Импресионирани сме од квалитетот на услугите и поддршката што ја нудите и се радуваме на продолжување на оваа успешна соработка и во иднина.