Јас сум Анастасија Миланова од Скопје. По природа сум многу амбициозна личност, секогаш отворена за лично надградување и континуирано учење. Откако дипломирав на УКИМ- Стоматолошки факултет, веднаш решив да започнам со обуката во Семос Едукација. Уште пред да се запишам на факултет, сакав да изберам некој од техничките факултети, меѓутоа поради средното медицинско сепак се одлучив и факултетот да биде во делот на медицината. Во текот на студиите сфатив дека сепак сакам да започнам да работам нешто во IT секторот. Во тој период сакав да се запишам на обука, но не знаев дали ќе можам да се посветам во исто време и на обуката и на испитите.
Зошто се одлучи за обуката за Software Tester?
Технологијата и software development e нешто што ме интересира многу одамна. Јас сум креативна, иновативна личност, имам аналитичко размислување, перцепција за детали, па затоа и работата како софтвер тестер ме привлече од самиот почеток. Пред да почнам со обуката истражував на интернет и сфатив колку тестирањето на квалитетот е од суштинско значење за развојот на еден софтвер. Сметам дека сите компании треба да се стремат да го задржат својот квалитет и углед, па затоа оваа професија е идеална можност за да ги промениме нештата, првично кај себе преку промена на кариерата, а потоа и во околината.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Имам повеќе делови од наставата кои ми беа интересни, но како омилени би издвоила неколку. Најпрво многу ми беше интересна практичната работа во AzureDevOps. Потоа креативноста за пишување на тест случаи и способноста за предвидување на потенцијални проблеми од различен карактер. Исто така би ги спомнала предавањата за Srcum Master и работата во Vabro.
Што би им препорачала на идните студенти на обуката за Software Tester?
Ги охрабрувам да не се двоумат, да не чекаат, веднаш да аплицираат. Без оглед на нивното претходно образование, доколку се подготвени за учење и континуиран развој со сигурност ќе успеат. Нека си постават јасна цел и нека бидат постојани се до нејзиното остварување. Трпеливо нека се стекнуваат со нови знаења и практични вештини.