Јас сум Илија Петрески, имам повеќегодишно работно искуство во продажба каде ги стекнав некои од најважните вештини - комуникација, решавање на проблеми и фокус на детали. Воден од тоа дека учењето никогаш не запира и никогаш не е предоцна да се впуштиш кон нови предизвици и промени, одлучив да се запишам на обуката за Software Testing во Семос Едукација.
Зошто се одлучи за обуката за Software Tester?
Се одлучив за Software Tester обуката бидејќи отсекогаш сум имал аналитички начин на размислување и фокус на детали, па така најмногу се пронајдов во оваа програма.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Би го издвоил практичниот дел од наставата - користењето на Azure DevOps, делот на пронаоѓање на багови и нивно правилно документирање.
Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?
Преку поддршката, достапноста и одличната комуникација со менторите имав можност целокупното знаење кое го стекнав на обуката да го применам во завршниот проект. Со употреба на разни алатки и техники, добив можност да почуствувам како е да работиш на реален проект.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Обуката не само што ми обезбеди цврста основа за Software Testing, туку и ја поттикна мојата желба за продлабочување на знаењето.
Со оглед на динамичните промени во индустријата во иднина сакам да напредувам, да се доусовршувам и мојот следен предизвик ќе биде Automation Software Testing во Семос Едукација.