Како се одлучи да ја започнеш твојата кариерна патека како UX дизајнер?
Она што започна како љубопитност и желба да истражам ново поле, прерасна во секојдневно истражување за совршена комбинација од функционалност и естетика како карактеристики за еден производ. Предизвик е да се направи еден производ истовремено корисен и значаен за луѓето што го користат.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел да станеш UX дизајнер?
Деталните анализи при изработката на проектот ме доведуваа до моментот кога треба да се ставам на местото на корисникот за подобро да ги разберам неговите потреби и интереси. Сега забележувам и анализирам UX дури и во секојдневните работи. Нетрпеливо чекам наученото да го применувам во пракса.
Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да почнат кариера во оваа област?
Доколку сте личност што сака да изнаоѓа креативни а истовремено практични решенија, уживате во анализирање детали, пакетот обуки UX Design Specialist во Семос Едукација е правиот избор за вас.