Rising star of the week – Весна Христовска Нацевска
Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на дигитален маркетинг?
Моето име е Весна Христовска Нацевска. Својот кариерен пат одлучив да го чекорам во маркетинг индустријата уште пред десетина години. Како и секоја напредна гранка од индустриите, така и маркетингот својот фокус го движи заедно со напредокот на технологијата и тоа со галопирачка брзина. Потребата за проширување на границите е евидентна и тоа поради зголемената дигитална свесност кај потрошувачите. Поради тоа, нужно беше постепено да се занемарува традиционалниот маркетинг, а се повеќе да се става акцент на едукација во дигиталниот маркетинг.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на дигитален маркетинг?
Како дел од тимот на маркетинг агенцијата Media House, имав можност веднаш да ја отпочнам мојата кариера во областа на дигиталниот маркетинг, а завршниот проект претставуваше практична проверка и примена на стекнатите знаења од Семос Академијата за дигитален маркетинг.
Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?
Секој предизвик е самиот по себе е доволен како можност за личен напредок. Академијата за дигитален маркетинг е предизвик преку кој ќе излезете од вашата комфорна зона, солидно наоружани со знаење. Бидете храбри и прифатете ги предизвиците за доквалификација или преквалификација и станете член на Кариерниот центар на Семос Едукација.