Успешна соработка со Bilans Solutions (Anant Macedonia)
Кои се Bilans Solutions (Anant Macedonia)?
Bilans Solutions (Anant Macedonia) е стартап компанија од Македонија со оптимистички поглед кон иднината.
Како изгледа еден работен ден во Bilans Solutions (Anant Macedonia)?
Ние сме целосно remote компанија, тоа значи дека имаме свој начин за тоа како ќе ни помине работниот ден но би рекол дека поголемиот дел се состои од онлајн состаноци и соработка преку платформата Slack.
Како ја почнавте соработката со Семос Едукација?
Направивме истражување за едукативни центри во Македонија и најпрво наидовме на Семос Едукација, потоа го контактиравме Кариерниот центар каде што соработувавме со Ивана и нејзиниот тим со цел да ги најдеме совршените кандидати за нашата компанија.
Дали и колку сте задоволни од соработката со Кариерниот центар на Семос Едукација?
Одличното претставување на нашата компанија како стартап пред потенцијалните кандидати ни остави најголем впечаток, тоа беше она што во моментот ни беше најпотребно. Ивана и нејзиниот тим ни помогнаа со тоа што разбраа точно какви кандидати бараме и во целост ги задоволија критериумите за соработка.
Што би им препорачале на компаниите кои се во потрага по квалитетни IT кадри?
На компаниите кои се во потрага по квалитетни кандидати од било кое техничко поле, би им препорачал дефинитивно да ги земат во предвид Семос Едукација бидејќи тие се поглед во иднината од аспект на едукација и трансформација на животите на луѓето.