Кандидатите од Семос Едукација се карактеризираат со извонредна ефикасност во нашата компанија
Соработките на Кариерниот центар на Семос Едукација со реномирани меѓународни IT компании се во постојан раст, што отвора нови можности за вработување и пракса за нашите слушатели. Овојпат, успешната соработка со Stonebranch, компанија со седиште во САД, вроди со плод преку ангажман на ефикасни кандидати, слушатели на обуки во Семос Едукација.
Кои се Stonebranch?
Stonebranch дизајнира и имплементира динамични IT решенија за автоматизација на деловни процеси кои овозможуваат секоја компанија да се трансформира во успешна бизнис организација со користење на придобивките од автоматизацијата. Без разлика на степенот на автоматизација, софтверот на Stonebranch е едноставен, модерен и безбеден. Користејќи ја универзалната автоматизирана платформа, компаниите може да управуваат со широк опсег на работа и податоци, низ технолошките еко-системи и силоси. Со централно седиште во Соединетите Американски Држави, Алфарета, Џорџија, и со претставништва низ Европа и Азија, Stonebranch опслужува клиенти кои припаѓаат на финансиската, производствената, медицинската, транспортната и технолошката индустрија. Повеќе за нашата платформа за автомартизација може да дознаете на нашата интернет страница, а за успешните приказни на нашите клиенти тука.
Тука сме за да го оркестрираме IT светот, па ајде да го правиме тоа заедно!
Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?
Семос Едукација обезбедува широк опсег на услуги: Високо квалификувани тренери кои се експерти во своето поле и пристап до кандидати кои посетувале различни тренинзи од повеќе IT области, како и подршка во целиот процес на регрутација, селекција и избор на кандидати.
Како Кариерниот центар ви помогна да врaботите Phyton Developer?
Кариерниот центар на Семос Едукација ни посочи високо обучени кандидати кои учествувале и завршиле Python курсеви, подготвени да работат во корпоративно опкружување, самостојно и самоуверено, со средна или минимална потреба од менторство од страна на раководителите на тимовите.
Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?
Кариерниот центар ни обезбеди итна поддршка за нашите потреби за регрутирање, преку праќање на група потенцијални кандидати кои беа високо обучени и чии профили можат да се вклопат во културата на нашата компанија. Нивната ефикасност е извонредна, а тоа што е значајно за истата е што е искомбинирана со квалитет и грижа за нашите потреби.
Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?
Предизвиците со кои се соочува регрутирањето на IT кадрите, не можат лесно да се решат без соодветни мерки и инвестиции. Овие мерки и инвестиции треба да бидат внимателно избрани за да ги заинтигрираат, а потоа и да ги мотивираат кандидатите, за кога ќе се вработат да им се обезбеди пријатна работна средина и квалитетна култура на работното место која ќе нуди можност за професионален раст и развој. Ресурсите и времето потрошени за регрутирање може да бидат проблематични за одделот за човечки ресурси самостојно да се справи со истите, па тука доаѓа потребата да се обратите за outsourcing/надворешна помош каде би го препорачале Кариерниот центар на Семос Едукација како систем на поддршка што може да обезбеди високо квалификувани IT инженери. Нашето искуство го покажа горенаведеното, а секогаш сме отворени да слушнеме и за другите искуства, да споделиме и научиме повеќе со цел да постигнеме подобар напредок.