Дефицитот на IT кадар глобално и локално постојано се зголемува. По COVID-19 кризата, дигиталните вештини добиваат сѐ поголемо значење. Семос Едукација во соработка со АВРСМ, со години е во служба на обучување и подготовка за IT секторот за младите, невработени лица преку спроведување на бесплатни официјални обуки за напредни IT вештини, по програми од најпознатите светски вендори. Целта на бесплатните обуки е да помогнат во преквалификација или доквалификација за едни од најбараните IT професии на иднината, стекнување на меѓународно признати сертификати и титули и почеток на кариера во IT индустријата.
По одржувањето на обуките, Кариерниот центар на Семос Едукација се става во служба на поврзување на кандидатите со компаниите - соработници и посредува при пракса или вработување. На оваа тема, како и за кариерните обуки поразговаравме со посветените вработени во Кариерниот центар, Магдалена и Гала.
Магдалена: Се стремиме да ги оспособиме нашите слушатели да донесуваат информирани одлуки за нивната кариера и да го олесниме процесот на барање на работа. За таа цел организираме кариерни обуки кои опфаќаат теми за изготвување на CV, мотивационо писмо, портофолија и LinkedIn профил. Преку интеракцијата за време на обуките се стремиме нашите слушатели да ги подготвиме за интервју со потенцијалните работодавачи.
Гала: Комуникацијата со слушателите ни овозможува да создадеме близок и отворен контакт со нив и секогаш се трудиме да им помогнеме да се надградуваат себеси и да ги постигнат своите цели. Тоа го правиме со кариерната обука во рамки на Кариерниот центар. Ги подготвуваме и подучуваме нашите слушатели како да ги надградат своите вештини за изработка на мотивационо писмо, CV и Linkedin профил, како и tips and tricks за успешно интервју.
Магдалена: Еден од позначајните проекти на Семос Едукација е овозможување бесплатни обуки за напредни IT вештини за невработените граѓани на Р.Македонија во соработка со АВРСМ. Главната цел на овој проект е да ја зголеми вработиливоста на слушателите. По завршување на обуките нашите слушателите ги препорачуваме на потенцијални работодавачи со зголемени и подобрени технички и интерперсонални вештини. Интеракцијата со слушателите ни дава инспирација и желба да продолжиме со нашата цел. Нивната желба за напредок, раст и развој е забележлива во нивната посветеност при посетување на обуките и изработка на проектите.
Гала: Изминативе неколку години соработуваме со АВРСМ и нудиме изобилство на официјални бесплатни обуки за невработените граѓани на нашата држава кои сакаат да научат нешто ново или да се преориентираат кон IT секторот. Заинтересираноста е огромна, професиите кои произлегуваат од официјалните обуки се најбараните на пазарот на трудот, а стекнатите вештини се бесценети. Ова е навистина прекрасна можност за сите млади луѓе бесплатно да се сертифицираат и преквалификуаат, а со поддршка од Кариерниот центар и да добијат можност за потенцијално вработување или пракса во нашите компании-партнери.
Магдалена: Патот до постигнување на кариерните цели преставува предизвик за многу од нас. Пречките на тој пат често водат до обесхрабрување и завземање на негативна перспектива за целиот процес. Ние ги охрабруваме нашите слушатели да не се откажуваат од нивните амбиции и енергично да влезат на пазарот на трудот. Преку работилниците насочени кон оддржување на нивната мотивација при процесот на барање на работа, очекуаваме да се зголеми нивното чувство за самоефикасност, самодовербата и да изградат појасна слика за работното место кон кое тие целат.
Гала: Квалитетот на обуките кои ги нуди Семос Едукација се одразува и врз импресивните бројки на вработени слушатели по и за време на нашите обуки. Веруваме и стоиме зад вештините кои слушателите ги имаат стекнато при посетување на нашите обуки. Споделуваме знаење, споделуваме можности!