Разговараме со Стефан Станчевски, основач на giftcards.mk, специјализирана платформа за продажба на гифт картички чија главна цел е да им овозможи на купувачите секогаш да го одберат вистинскиот подарок. На обострано задоволство, Кариерниот центар на Семос Едукација и giftcards.mk потпишаа Меморандум за соработка благодарение на кој, слушателите од Семос Едукација ќе имаат можност за вработување и практична работа во компанијата, а тие ќе добијат квалификуван и креативен кадар. Неодамна, се случи прекрасна соработка во рамки на Академијата за графички дизајн и giftcards.mk која резултираше со бројни придобивки и за компанијата и за студентите од Академијата.
Здраво Стефан. Кажи ни, зошто се одлучивте за Семос Едукација и Академијата за графички дизајн?
Пред сè, вниманието кон Семос Едукација ни го привлекоа интересните и креативни решенија кои тие ги промовираат како продукти на студентите од нивните академии.
Нашата компанија имаше потреба од освежување во својот бренд идентитет, цел за која сметавме дека ќе ни бидат добредојдени предлозите од младите и енергични студенти со кои имавме можност директно да соработуваме.
Можеме да кажеме дека сме воодушевени од соработката со Семос Едукација, од самиот процес на работа и се разбира од Академијата за графички дизајн и студентите.
Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим и на оние кои бараат работа како графички дизајнери?
Кариерниот центар на Семос Едукација максимално се вложи во предлагање и достава на портфолија од соодветни кандидати со цел да ни го олесни процесот на избор и ангажирање на вистинските кадри кои ни беа потребни.
Студентите можат да бидат сигурни дека тимот на Семос Едукација вложува подеднаков труд како во нивна едукација така и во нивно успешно вработување.