Компанија Партнер IT Labs - Интервју со Андреа Лапевска – People Engagement Specialist во IT Labs
Здраво Андреа. IT Labs се веќе добро позната компанија на македонската и меѓународната IT сцена, а добро котирате и во Србија. Ќе може ли да ни кажете неколку зборови за досегашната соработка со Semos Education?
Со тоа што сме застапени и во Македонија и во Србија, до сега го имавме задоволството да соработуваме со Семос Едукација и во двете држави. Како партнер компанија, во изминатиов период дефиниравме завршни проекти за неколку групи и секогаш соработката е одлична. Досега сме соработувале во рамките на Академиjaтa за софтвер тестер и JavaScript Академијата. Воедно, навистина ја вреднуваме и соработката поврзана со курсеви и сертификации за нашите вработени од областа на Microsoft, AWS, ISTQB и други.
Дали според вашето стручно мислење, студентите од Академијата за софтвер тестер ги стекнале потребните вештини за време на академијата?
Од досега посетените презентации на завршни проекти, може да се забележи дека студентите за време на Академијата навистина имале можност да се запознаат со голем број на алатки, концепти и принципи кои се користат во светот на тестирање на софтвер. Се разбира, технологиите се менуваат секојдневно, но основите на тестирање и анализа на квалитет се одлично пренесени, дури и кај целосни почетници кои претходно немале допир со оваа индустрија.
Кои се клучните вештини/алатки кои студентите успешно ги совладале и дали правилно ги примениле во изработката на проектите?
Детално изработените тест планови, суштинското разбирање на процесот на изработка на еден софтверски проект, користењето на алатките за следење и менаџирање на проекти како што се Jira и Azure DevOps и острото око за детали се клучните вештини кои се забележуваат кај најголемиот дел од студентите.
Дали сметате дека според презентираните проекти, студентите се подготвени за вработување/пракса во компанија на јуниорски позиции?
Степенот на подготвеност варира кај сите студенти, но оние студенти кои навистина вложиле време и се посветиле на материјалот веднаш се воочуваат и дефинитивно се подготвени за пракса, а значителен дел од нив и за јуниорска позиција.
Колку сте задоволни од соработката со Семос Академијата за софтвер тестер досега?
Тимот од Академијата за Software Tester секогаш има високо ниво на професионалност и взаемната комуникација се одвива лесно и ефикасно. Врз основа на нашите барања и feedback, со секоја наредна група се забележува напредок во изработката на проектите и координацијата на истите. Се разбира, по завршувањето на секоја група добиваме и препораки за најдобрите студенти.
На идните студенти би им препорачале да се посветат на материјалот и постојано да истражуваат, да пробуваат нови алатки и самите да си поставуваат предизвици. Оваа индустрија се развива и се менува навистина брзо, така што постојаното учење го води патот кон успехот, а оваа Академија е одличен прв чекор.