Успешните соработки постојано го збогатуваат нашиот блог но и реномето на Кариерниот центар на Семос Едукација. Овојпат, остваривме успешна соработка со Студиото за графички дизајн, Литра кое избра да регрутира графички дизајнери од редовите на Академијата за графички дизајн на Семос Едукација.
Кои се Литра?
Студио за Графички Дизајн основано во 2008 година.
Главна и секојдневна преокупација на тимот дизајнери во Литра е прецртување на растер графики и нивно векторизирање, дизајн и изработка на веб страни и веб апликации, дизајн и изработка на видео анимации, брендирање на нови и ребрендирање на постоечки компании како и подготовка на материјали за печат.
Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?
Профилот на предавачите, искуството со дизајнери кои првичните свои обуки ги направиле во Семос Едукација како и можноста за постојана комуникација и размена на знаење со тимот кој работи во Кариерниот центар не ни оставија простор за двоумење при изборот на компанија соработник кој директно ќе учествува во развојот на Литра.
Како Кариерниот центар ви помогна да пронајдете соодветен кандидат за вработување во секторот за графички дизајн?
Директната комуникација и консултација со предавачите од Семос Едукација кои имаат можност да ги увидат напредоците на идните дизајнери, нивното креативно размислување како и техничката подготвеност ни овозможија избор на дизајнери кои остваруваат постојано унапредување на работењето на Литра.
Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?
Отворениот и искрен пристап на Кариерниот центар како и подготвеноста да помогнат во секој момент беа детали кои тимот на Литра најмногу ги цени во процесот на соработка.
Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?
Без никакво двоумење да им дадат шанса на професионалци кои се подготвени за соработка без никакви барања за услуги за возврат. Соработката со ваков тип на центри овозможува и соработка со слушатели кои немале можност за изградба да сопствено портфолио, а во нив содржат исклучителен креативен потенцијал.