Изучувањето на BIM е првиот чекор доколку сакате да ги развиете своите вештини и да се занимавате со оваа прогресивна професија
BIM (Building Information Modelling) е нов универзален јазик на архитектурата, градежништвото и инфраструктурата и двигател на дигиталната трансформација на градежниот сектор во Европа и светот.
На BIM не треба да се гледа само како нова дигитална технологија, туку како стратешка и сеопфатна методологија за поефикасно управување со градежни и инфраструктурни проекти, со значително пониски трошоци. Преку работа на заедничка платформа, BIM им овозможува на учесниците во проектот да ја видат целокупната ефикасност и на големите и на малите проекти, да го оптимизираат времето и поефикасно да управуваат со трошоците во сите фази од животниот циклус на објектот: од идејно решение, преку главниот проект, конструкција до работа, одржување и уривање на крајот на животниот век на самата градба. Оваа индустрија е вклучена во многу професии од областа на градежништвото, архитектурата и инфраструктурата, проектното планирање и слични индустрии. За атрактивноста на професиите кои произлегуваат од BIM технологиите, зборувавме со Proxy, соработници на Кариерниот центар на Семос Едукација и компанија ментор на Летната менторска програма за BIM технологии.
Кои се Proxy? Што е она што ве издвојува од другите компании?
PROXY е мултидисциплинарно креативно студио кое е посветено на креирање на модерна и софицтицирана архитектура и ентериерен дизајн кој е во тек со светските трендови. Базирани сме во Скопје и Софија.
Прва година се приклучувате на нашата менторска програма за BIMспецијалист.Што очекувате од истата и кои се бенефитите за Вас како компанија?
Бенефитите се огромни од BIM. Тоа е интелигентно проектирање без кое се што гледаме во светот како модерна и комплексна архитектура би била невозможна без BIM. BIM ни овозможува ефективност, прецизност и поголема слобода за иновација а притоа доследна до техничките регулативи.
BIM специјалист e професија која е една од најактуелните на светско ниво.Зошто станува сѐпопопуларна?
Како во секое поле, секогаш се бараат експерти во одредена гранка. Со напредокот на технологиите се повеќе и повеќе ќе бидат потребни лица кои ќе работат БИМ бидејќи тоа е иднината на проектирањето. Во основа, BIM е модел на виртуелна структура, во кој секој детал е поврзан со базата на податоци и има детален опис на неговите карактеристики (материјал, димензии, технологија за инсталација, издржливост, цена, итн.). Менувањето на еден параметар на еден од цртежите или во спецификацијата автоматски доведува до промена на овој параметар во сите други проекции и документи. И заштедува многу време на измени во проектната документација и се избегнуваат грешки во „рачниот“ трансфер на информации.
Каков совет би им дале на сите кои што сакаат да се вклучат во нашата менторска програма?
Знаењето е профит доколку се конкретизира во облик на производ кој решава одреден проблем. Така е и во светот на BIM технологиите. Доколку сакаат да ги развијат своите вештини и да бидат дел од оваа прогресивна професија, изучувањето на BIM е првиот чекор кон таа реалност.
И за крај кои вештини треба да ги поседува потенцијалниот кандидат за пракса или вработување?
Познавање на други CAD софтвери како и некои основи правила и принципи во Архитектурата но целопкупното знаење се стекнува на менторската програма бидејќи е детална, сеопфатна и ги содржи сите елементи неопходни за работа во индустриите кои имаат потреба од BIM технологии.