Потребата од модерни и креативни професии не ги заобиколува ни агенциите за дигитален маркетинг, а професионалците од оваа област уживаат многубројни бенефити, меѓу другото да работат креативна, иновативна и помалку стресна работа од останатите индустрии. Можеби најголемиот бенефит е што позицијата Social media designer е секогаш барана бидејќи главен адут на секоја модерна компанија е добриот имиџ на социјалните медиуми кој претставува основа на секој бренд. На наше големо задоволство, соработувавме со SignUp, врвни професионалци во областа на дигиталниот маркетинг. Во продолжение, дознајте за нивното искуство со Семос Едукација.
Signup Digital е агенција за дигитален маркетинг и адвертајзинг. Формирана е 2015 година и спаѓа во помали агенции со тим од 7 до 8 вработени, но со амбиција да прерасне во поголема со 20 до 25 вработени. Иако е основана пред 6 години, нејзините основачи се професионалци кои што имаат долгогодишно искуство во оваа област.
Всушност, во Signup Digital се спојуваат 20 годишно искуство во традиционалниот адвертајзинг со новите алатки, средства и можности на дигиталниот маркетинг и онлајн комуникацијата. Нашата цел е да понудиме креативен и оригинален производ во адвертајзинг комуникацијата којшто ќе биде сериозно конкурентен и на големите играчи во овај сектор.
Портфолиото на агенцијата може да се погледне на следниов линк.
Соработката со Семос Едукација за нас како агенција е од суштинско значење. Со вклучувањето во менторската програма имаме одлична можност за размена на искуства и споделување на заеднички интереси клучни за нашата професија. Целта е создавање на квалитетно едуциран кадар во областа на информатичките технологии, дигиталниот маркетинг, графичкиот дизајн и сличен кадар коишто им е секогаш потребен на маркетинг агенциите.
Сметаме дека популарноста се должи на потребата Digital account менаџерите да познаваат и учат повеќе различни вештини кои ги спојуваат графичкиот дизајн и дигиталниот маркетинг во едно. Се наметнува потреба Social media designer да знае како се креира соодветна содржина, како најоптимално да ги искористи алатките кои ги нудат социјалните медиуми за промоција на еден бренд, а истовремено да има и основно познавање на апликациите за графички дизајн. Верувам дека во наредниот период уште повеќе ќе се зголеми потребата за надградување на овие вештини во професијата Social media designer.
Не само совет, туку и сугестија да учествуваат во вакви програми. Неопходно е од страна на маркетинг агенциите посредно да се вклучат во креирањето на едукативните програми за информатички технологии и графички дизајн и со тоа да придонесат во процесот на образување на нови квалитетни кадри. Бенефитот е заеднички за сите. На тој начин Семос Едукација добиваат реални параметри како да ги креираат своите програми, студентите ќе добијат квалитетна едукација, компатибилна со пазарните и економски трендови, а агенциите спремен кадар подготвен да се вклучи и реализира реални проекти и задачи.
Амбицијата и афинитетите се пресудни за еден практикант коишто сака да биде дел од тимот на една маркетинг агенција. Нормално, квалитетното образование и основните вештини стекнати во соодветни академии и школи е пресудно за полесно да се напредува во професијата. Signup Digital има широко отворени врати за сите практиканти коишто ги исполнуваат овие неколку услови и вложува голем дел од своите ресурси, знаење и искуство да ги надгради нивните вештини во што пократок рок и да им овозможи услови да изградат кариера на професионалци.
SignUp се секогаш дел од случувањата во Семос Едукација во поглед на студентски презентации, изработки на логоа, материјали за кампањи и сл.
Студентите од Академијата за графички дизајн на Семос Едукација, ги презентираа своите портфолија пред SignUp, а со тоа ги покажаа своите вештини и наидоа на одушевување од овој клиент, што е потврда дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина.