Здраво Дарко се радуваме што ја избра Семос Едукација за Python летната менторска програма. Што беше пресудно да се запишеш на оваа програма?
Пресудно за избор токму на вашата програма беше моето претходно, позитивно искуство со Семос. Во раните 2000-ти посетував низа детски курсеви кои ми овозможија компјутерска писменост и престанав токму кога дојдоа курсовите за програмирање. Може да се каже дека летово, јас и Семос Едукација ја продолживме нашата приказна онаму каде што беше застаната, со Python летната менторска програма.
Кои знаења и вештини ги стекна за време на програмата и дали ги применуваш?
Во првиот дел од програмата стекнав основни познавања од програмскиот јазик Python, ги запознав основните елементи, нивните карактеристики и како истите се поврзуваат со цел создавање едноставни компјутерски програми. Во вториот дел отидов чекор понатаму и ги имплементирав основните познавања во комплексни секвенци, се запознав со функциите, класите и неколку модули со кои на крајот бев во можност успешно да го изработам финалниот проект.
Кои се 3 работи кои ти оставија најголем впечаток за време на предавањата?
Впечаток ми оставија систематичниот приказ на материјалот од страна на предавачите, согледан и во презентациите што ги добивавме, кој ни овозможи совладување на она што треба да се совлада по најкраток, наједноставен и најјасен пат. Второ, флексибилноста и достапноста на предавачите кои постојано ни беа на располагање на Slack за секакви прашања и дообјаснувања. Трето, би сакал да го издвојам кариерното советување кое беше мошне информативно како и комисиското полагање на крајот при што добивме одлични совети околу идниот можен развој во областа, а научивме нешто и околу нашите стилови на презентирање.
Каде се гледаш себеси во иднина и дали би ја препорачал програмата на идните слушатели?
Дефинитивно би ја препорачал оваа програма, како и сите кои досега сум ги посетувал во Семос Едукација, а со оглед на тоа што планирам да се надградувам во оваа сфера - веројатно и самиот ќе посетувам други програми - така што нашата приказна сè уште не е завршена. Во иднина се гледам како некој што вешто се служи со алтките за кои Семос Едукација ги обучува студентите.