Јас сум дипломиран професор по англиски јазик и книжевност од Куманово. За Академијата се одлучив затоа што технологија и software development е нешто што ме многу интересира и инспирира. Software testing конкретно ме интересира затоа што во 2016 учествував во неколку алфа и бета верзии на PUBG и бев дел од QA тимот, како краен корисник.
Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?
Завршниот проект ми помогна да ги соберам сите знаења и вештини стекнати од Академијата на едно место и да изработам реални проекти преку кои ќе се презентирам себеси и своето познавање на материјалот.
Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат за отпочнување на кариера во Software testing индустријата?
Никогаш не е доцна за нов предизвик и учење нешто ново, а software testing е професија која секогаш еволвира, па Академијата е совршено место за оние што сакаат да учат и да напредуваат како професионално, така и индивидуално.