Bet Oxygen и Семос Едукација: Соработка која создава нови .NET таленти и отвара нови кариерни можности.
Може ли да ни кажеш малку повеќе за Bet Oxygen и што ја инспирираше вашата компанија да соработува со Семос Едукација за .Net академијата?
BetOxygen, позната и како Bet02, е компанија која се фокусира на развој на софтверски решенија за индустријата на спортски обложувања и казино игри. Нашата платформа нуди напредни решенија за управување со обложувања, казино игри и кориснички услуги, користејќи најсовремени технологии за да обезбеди најдобро корисничко искуство.
Соработката со Семос Едукација не само што овозможува на BetOxygen да го поддржи развојот на младите професионалци, туку и да ја зајакне својата позиција на пазарот со нови таленти и иновации кои можат да придонесат за идниот успех на компанијата.
На каков тип на проект ќе работат слушателите од Академијата за .Net, и како тој проект ќе ги подготви за развој во нивните понатамошни кариери?
Проектот кој што го подготви тимот на BetOxygen соодветствува со знаењата и вештините кои слушателите ги стекнуваат на .NET академијата, и на тој начин ќе им помогне истите да ги зголемат и прошират. Во тој контекст овој проект вклучува содржини компатабилни на програмата на Академијата како: развој на веб апликација, создавање на RESTful API услуги за комуникација помеѓу различни системи, работа со бази на податоци, развој на кориснички интерфејс (UI) и корисничко искуство (UX).
Со работа на овој проект слушателите од Академијата за .Net ќе се стекнат со практично искуство за решавање на проблеми , тимска работа и комуникација и професионален развој
Би можел ли накратко да ни ги објасниш можностите за вработување што Bet Oxygen ги нуди на нашите слушатели, по завршувањето на проектот во рамките на Академијата
BetOxygen е постојано во потрага на нови, млади луѓе кои имаат потенцијал, желба и волја да напредуваат во светот на развој на софтвер. Како компанија која користи широк спектар на технологии истата дава можност на таквите кандидати не само да го утврдат и развијат тоа што го стекнале како знаење и вештини на Академијата туку истите да ги прошират и на други технологии.
Во тој контекст BetOxygen по завршувањето на Акадамијата дава можности за пракса и вработување на позиции за .Net програмери на кандидатите кои ги поседуваат гореспоменатите карактеристики вреднувајќи ги нивните способности и поддржувајќи ги нивните желби и амбиции за понатамошен напредок во индустријата.
Кои квалитети или вештини се важни да ги поседуваат слушателите од Академијата за .Net при аплицирање за работна позиција во Bet Oxygen?
Академијата за .Net подготвува кандидати за работа во области поврзани со развој на софтвер, но освен техничите вештини и знаења важно е тие да имаат определени меки вештини за успешно аплицирање за работна позиција во Bet Oxygen.
По завршувањето на Академијата за .Net, освен што важно е да поседуваат добри технички вештини во .Net технологиите и способност за решавање на проблеми и аналитичко размислување, исто толку , важни ни се и комуникациските способности, тимска работа и посветеност на проектите. Компанијата ги цени кандидатите кои демонстрираат иницијатива, креативност и желба за континуирано учење.
Уписите за академијата за .Net се во тек, доколку си спремен да станеш Microsoft Certified Azure Developer, оваа академија е за тебе!